Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Металург на негов терен со 25:32 и стигнаа до големи бодови против директниот ривал за 2-рото место и пласман во Сеха лигата наредната година. Тимот на селекторот Данило Брестовац парираше само во првиот дел кога Еурофарм водеше само со 12:13. Во вторите 30 минути целосна доминација на гостите од Битола и на крајот сосема заслужена победа. Филип Кузмановски со 8 голови и одличниот Благојче Трајковски на голот на Еурофарм беа најзаслужни за победата. Кај Металург со 7 погодоци мечот го заврши Танковски.
РК МЕТАЛУРГ – РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК 25:32 (полувреме 12:13)
РК МЕТАЛУРГ: Томовски, Дупјачанец, Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски 1, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски 7, Серафимов 5, Маџовски 3, Арсеновски, Стојановиќ 1, Миличевиќ 1, Шпенде 4, Пучник 1, Чориќ.
РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Ојлески 3, Маркоски 4, Петровски, Пецаковски 1, Талевски, Стјепановиќ 3, Кузмановски 8, Радовиќ 1, Чаневски, Кукоски, Остроушко 3, Бардакоски, Граџан 1, Ѓукиќ 7, Петровски 1.



