Ендуро Тим Водно – Скопје беше организатор на првата EnduroCross трка во Македонија. Натпреварувањето се одржа во непосредна близина на хотел Белви, каде имаше над 70 пријавени возачи. Организаторот иако со неколку пропусти сепак се е тоа во втор план кога сите што беа дел од настанот беа задоволни од целиот спортски настан.
Организаторот обездени награди за натпреварувачите што само го зголеми квалитетот на настанот. Трките се возеа на кружна патека, со различни вида на препреки како кал, вода, камења, гуми и слично, а до победникот се дојде по пат на елиминации.
Освен каналите што направија проблем на возачите се останато течеше во најдобар ред, а посебно радува фактот што немаше повреди, посериозни инциденти, публиката и возачите беа крајно коректни и дисциплинирани.
Фото: Сликите кои ќе ви ја доловат атмосферата на спортскиот настан
Фото: Enduro Team Vodno – Skopje / Ендуро Тим Водно – Скопје



