Во Каменица во рамките на М-18 години конкуренцијата, домашната екипа на ЖКК Баскет Кам оствари триумф над ЖКК Струга 2009 со резултат од 61:40 по четвртини (13:11, 15:15, 16:05 и 17:09). Најзаслужна за победата е кошарката Зафировска која зад своето име запиша 23 поени.
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Г. Модева 16 поени, М. Устијаноска 7, И. Чолакоска 6, Р. Укоска 5 и по 2 поени запишаа кошаркарките А. Белеска, К. Бицеска и М. Хани. Во струшкиот состав недостасуваа четири кошаркарки во ростерот и само во првото полувреме имаа сили за резултатска рамнотежа, а потоа сосема заслужено домашната екика на Баскет Кам ги освои бодовите. И покрај поразот ЖКК Струга останува на челната позиција во М-18.
ЖКК Струга 2009 претстојниов викенд имаа додатни два натпревари и тоа во сениорска конкуренција и во М-16 каде што заработија две важни победи. Во Прва лига за жени во Делчево, струшките кошаркарки остварија гостинска победа со резултат од 13:60 над ЖКК Клубски Патриот по четвртини (05:21; 00:13; 06:11 и 02:15).
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Т. Стојановска 15 поени, А. Шеќероска 14 поени, Р. Чочороска 6, Г. Модева 6, М. Хани 6, А. Белеска 5, И. Чоласка 4, М. Устијаноска 2 и исто толку поени запиша Р. Укоска. Во домашната делчевска екипа најефикасна со 11 поени заврши Ангелова.
И во М-16 конкуренција силите си ги одмерија ЖКК Клубски Патриот и ЖКК Струга 2009 каде што до победа дојде гостинската екипа на ЖКК Струга со резултат од 37:61 по четвртини (08:15, 09:16, 10:16 и 10:14). Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Г. Модева 19 поени, И. Чолакоска 15, А. Белеска 14, Р. Укоска 5, а по два поени постигнаа К. Бецеска, Е. Зенку, С. Шулеска и М. Филоска.
Во домашната екипа на ЖКК Клубски Патриот Ангелова со 28 постигнати поени беше најефикасна на натпреварот. Следниот меч за ЖКК Струга 2009 во сениорска конкуренција во рамкиите на Првата женска кошаркарска лига е против тимот на ЖКК Работнички на гостински терен.



