Тимот на Татран Прешов славеше нагости против тимот на Пјештани со 22:30 (полувреме 12:13). Македонскиот интернационалец Никола Костески повторно oдигра одличен натпревар за тимот предводен од Славко Голужа. Тој вчера беше максимално прецизен и постигна 5 голови од 5 обиди, а беа направени и 2 пенали врз него. Taтран после оваа победа останува прв на табелата со четири бода предност пред Бистрица, која ова коло направи неочекуван кикс и загуби нагости од тимот на Шала.



