МЗТ Скопје Аеродром пред своја публика во СЦ ,,Јане Сандански” забележаа триумф со 84-70 и со 2:0 во победи обезбедија место во финалето во АБА 2. Творци до втората последователна победа беа Иве Иванов со 24 поени и 9 скока, Лестер Медфорд имаше 14 поени и 9 скока, Дамјан Стојановски 19, Предраг Самарџински 11 и Бојиќ заврши со 10 постигнати поени.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром обезбедија пласман во финалето на регионалната АБА 2 лига, а таму ќе го чекаат подобриот од второто полуфинале помеѓу Приморска и Борац. Со пласманот во финалето, МЗТ Скопје добива шанса да се врати во елитната прва АБА Јадранската лига, за која директен влез обезбедува само шампионот на АБА 2, додека второпласираната екипа ќе игра бараж против Задар.



