Во првото коло од плеј-офот, Металург на домашен терен во Автокоманда направи пресврт и стигна до голема победа против Пелистер 28-26, иако на полувреме губеше со 11-14.
Дупјачанец со неговите чудесни одбрани беше херојот на Металург, додека Танкоски со 8 гола беше најефикасен во нападот. Кај Пелистер по 8 гола имаа Станојевиќ и Кобетиќ.



