Недела во 14 часот дојдете сите во салата “Нико Нестор” во Струга!
Натпреварот од Купот на Македонија помеѓу ЖРК Стружанка и ЖРК Пелистер за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.
ЖРК Стружанка неможејќи да учествува на “Трката посветена на децата со Даунов Синдром” поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи мечот против ЖРК Пелистер да го посвети на децата со Даунов синдром.
Влезот ќе биде слободен, а донации секој колку е во можност ќе може да донира на влезот од салата.



