Утревечер од 20.00 часот е првиот полуфинален меч помеѓу босански Спарс и МЗТ Скопје во Плејофот во АБА 2 лигата. Во двата натпревари во регуларниот дел ,,Металците” ги добија тие два двобои, но сега влогот е поголем и никако не смее македонскиот тим да го потцени противникот.
Најпознат кошаркар во домашните редови е Кенан Бајрамовиќ кој имал на многу пати во репрезентативниот дрес на Бих соочувања со македонската кошаркарска репрезентација. Реваншот е на 24. март во СЦ ,,Јане Сандански” во Скопје. Ако е потребен трет меч тој би се одиграл на 28. март во Сараево.
Во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Приморска и Борац Чачак. Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат финале на три натпревари добиени. Серијата за финалето е планирана да започне на 1 април. Победникот во АБА 2 лигата ќе добие директно место во најдобрата АБА Јадранска лига, додека поразениот тим ќе игра бараж меч против Задар.



