Осмото издание на завршницата на Сеха Гаспром лигата ќе се одржи од 2. до 4. април во Брест,Белорусија. На Фајнал фор за титулата балкански шампион ќе конкурираат: Домашниот Мешков Брест, ППД Загреб, Нексе Нашице и секако Вардар.
Шампионскиот трон освоен минатата сезона ќе го брани Вардар кој во финалето лани го порази на ППД Загреб со резултат од 26:24. Вардар со четири титули е најуспешен клуб во Сеха Гаспром лигата.
Две титули има унгарски Веспрем, а една титула има ППД Загреб кој заедно со ,,Црвено-црните” имаат седум настапи на завршниот турнир, додека Мешков Брест има шест, а Нексе Nашице по втор пат е на завршниот турнир во борба за трофејот.



