Карате клубот Ерол 2007 Лабуништа учествуваше на квалитетен Меѓународен турнир ,,Фунакоши опен 2019” – Скопје. Натпреварите се одржаа во салата при ,,ОУ Круме Кепески” општина Кисела Вода во Скопје.
Турнирот беше одлично организиран и секоја нова година станува се повеќе квалитетен и препознатлив како на македонска сцена така и во меѓународни рамки. Во натпреварувачкиот дел свое учество имаа и каратисти од Лабуништа,Струга од клубот ,,КК Ерол 2007″.
Предводник и тренер е Ерол Зенделоски кој работи на оформување на новите генерации каратисти кои треба да се претстават идните сезони со многу успеси и освоени одличја. Клубот на ова првенство беше проследен и од група на родители кои беа подршка за своите деца.
,,Ерол 2007 Лабуништа” учествуваше со следните каратисти и нивните дисциплини:
– Мустафа Сулејмани категорија борби -30кг
– Берин Салоски категорија борби -34кг
– Анел Зенделоски категорија борби -42кг
– Омер Адилоски категорија борби +46кг
– Насер Салкоски категорија борби -46кг
– Шехид Даноски категорија борби -46кг
– Амил Зенделоски категорија борби -30кг
– Сабит Сулејмани категорија борби -38кг
– Анес Максутоски категорија борби -38кг
– Менил Велиоски категорија борби -38кг
– Раимка Јускоска категорија борби -42кг
– Ивзијан Шерифоски категорија борби -38кг
– Фатмир Велиоски категорија борби -46кг.
Настапот на ,,Фунакоши опен 2019” каратистите на ,,Ерол 2007 Лабуништа” го завршија успешно со освоени пет трети места, а со бронзата се закитија: Амил Зенделоски, Раимка Јускоска, Менил Велиоски и Ивзијан Шерифоски.
За каратистите од Лабуништа ова е почетна точна и период во кој што клубот во иднина ќе се развива, ќе создава шампиони, ќе се надоградува, а периодот што следи имаат полна агенда на турнири и натпревари на кои што ќе учествуваат и ќе се претстават.
Листа на каратисти и дисциплини на кој со освоени медали:
Амил Зенделоски категорија кати освои 3-место,
Раимка Јускоска категорија борби и кати успеа во двете категории да освои 3-место,
Менил Велиоски категорија борби освои 3-место,
Ивзијан Шерифоски категорија борби освои 3-место.
Галерија од настапот на ,,Ерол 2007 Лабуништа” на Меѓународниот турнир ,,Фунакоши опен 2019”:



