Нексе во Нашице славеше со 24-21 (полувреме 11:14) против Вардар во натпревар од Сеха лигата. Најдобар поединец во победата на Нексе беше голманот Морено Цар кој имаше вкупно 16 одбрани и Халил Јагањац во нападот со 6 голови. Кај Вардар по 3 гола постигнаа Дибиров, Мораеш, Чупиќ, Поповски и Војводиќ.



