Македонскиот голман Виктор Гигов со неговите фантастични одбрани беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим Анталијаспор со 23:22 против Гозтепе во 18-то коло на Турскиот шампионат. Поради тоа сосема заслужено повторно е избран за најдобар голман во тимот на колото во Турската лига. 



