Македонските каратисти Дејан и Аљоша Недев се закитија со златен и сребрен медал на меѓународниот карате турнир „Прага опен 2019“ во Чешка.
Браќата се сретнаа во финалето во кати поединечно каде славеше Дејан, а Аљоша го освои среброто.
На овој реномиран турнир учествуваа 12 земји со повеќе од 300 натпреварувачи од Европа.



