Во рамките на Плеј-офот од Првата Лига екипата на Јуниор Кисела Вода славеше нагости во преполната сала во Неготино, против Вардар Неготино со 24:26, иако на полувреме водеа домаќините со 13:12. Најефикасни за тимот на Јуниор беа Гичев со 7, како и стружаните Стефан Колоски со 6 и Кристијан Трајкоски со 3, додека на голот блескаше Влатко Затаракоски со 14 одбрани. Во тимот на Вардар Неготино најефикасен бил Коцев со 8 голови.
Металург 2 ја совлада Преспа со 31:24 (полувреме 11:10). Глигор Гајиќ постигна 2 голови во тимот на Металург 2, каде најефикасен беше Ристоски со 5, додека во Преспа најпрецизен беше Даскаловски со 6 голови.



