Тимот на ЖРК Стружанка славеше против ЖРК Гевгелија нова победа пред своите гледачи со 27:18 (полувреме 11:10). Гостите од Гевгелија играа одлични триесет минути и во целост им парираа на домаќинките. Разликата се направи во вторите 30 минути кога домашните ракометарки заиграа поцврсто во одбрана и направија разлика која успешно ја чуваа до крајот.
Најефикасна на денешниот натпревар за Стружанка беше Магдалена Делиоска со 12 голови. Покрај неа расположени за игра беа и Јованоска со 6, додека по 2 гола постигнаа Јовичанац, Дурацоска, Бојана Затуроска и Петреска. Ивана Затуроска додаде 1 погодок. На голот стандардно добра беше Марина Митоска. Кај гостите од Гевгелија се истакнаа Анчева со 7 и Стојанова со 3.
Момент од денешната средба ЖРК Стружанка- ЖРК Гевгелија:



