На саемот во Женева беше претставено новото Бугати кое се карактеризира со досега невиден дизајн и луксуз и се вика La Voiture Noire и е произведен во еден и единствен примерок. Станува збор за најсилен , најлуксузен и најскап суперспортски автомобил на светот. Направен е по повод 110 роденден на славната француска компанија, но и за да го воведе моделот Type 57SC Atlantic во новиот милениум.
Целата каросерија е од карбон , а под капакот има неверојатно силен 8.0 W16 мотор со 1.500 Kс i 1.600 Нм со шест ауспуси. Перформансите на овој мотор остануваат тајна.



