Голманот на Извиѓач, 30-годишниот Јосип Квезиќ е прогласен за МВП за месец февруари во Сеха Гаспром лигата. Иако неговиот тим е последно пласиран во лигата раководството на Сеха го прогласи за најдобар за минатиот месец.
Квезиќ на натпреварот против Железничар Ниш имаше дури 20 одбрани и тој меч му помогна да дојде до престижната награда, иако и на останатите мечеви остави одличен впечаток. Ако до крај на првенството остане на високо ниво за следната сезона сигурно ќе има заинтересирани клубови од погорниот ешалон за неговите услуги.



