МЗТ Скопје Аеродром лесно и убедливо ја совлада словенечка Рогашка (84-70) и официјално обезбеди место во плејофот во АБА2-лигата. ,,Металците” беа најдобри во втората и третата четвртина кои ги добија со огромни плус 29 (54-25).
Во победничкиот табор назаслужни за триумфот беа Андрија Бојиќ со 17 поени беше најпрецизен кај „металците“, Лестер Медфорд и Иве Иванов постигнаа по 14 поени, Џејмс Вудард беше стрелец на 13, а Предраг Самарџиски 10 поени.
МЗТ Скопје сега се позиционира на трето место на табелата и има сигурен пласман во Плејофот, каде што доколку ги добие следните два меча против Сутјеска и против Спарс може да смета на втората позиција која носи бенефит, односно ќе имаат предност на домашен терен во полуфиналето од плејофот.



