Во рамките на првата женска кошаркарска лига на гостувањето во Битола струшките кошаркарки дојдоа до убедлива победа против ЖКК Пелистер со резултат од 36:60 по четвртини (06:14; 06:17; 05:17 и 19:12). Ова за ЖКК Струга 2009 претставуваше продолжување на победничката низа пред дерби дуелот против ЖКК Вардар, натпревар кој е закажан за сабота во салата ,,Нико Нестор” во Струга, со почеток од 13.30 часот.
Што се однесува до триумфот над ЖКК Пелистер, во победничкиот табор на ЖКК Струга 2009 листатата на стрелци е следната: А. Шеќероска 17 поени, Г. Модева 12, Т. Стојановска 11, И. Чолакоска 8, А. Белеска 8, К. Бицеска 2 и М. Устијаноска постигна 2 поени. Во тимот на домашните кошаркарки најефикасни беа Иваноска со 13 и Караицоска со 11 поени.



