Младиот Словенец Лука Дончиќ стигна до четвртиот трипл-дабл (28 поени, 10 скока, 10 асистенции) на гостувањето против ЛА Клиперс. Но она што ја воодушеви НБА е потегот кога Лука Дончиќ покажа дека поседува ОГРОМНО СРЦЕ.
Еден навивач му ги побара на Дончиќ патиките за своето болно дете, а Лука без размислување, ги соблече од своите нозе, и откако им стави автограм, му ги даде во раце на детето.



