Тимот на ЖРК Стружанка од Струга славеше во четвртфиналето на купот на Македонија против тимот на ЖРК Деспина од Прилеп со 29:18 (полувреме 11:9).
Најдобар поединец во тимот на Владимир Паноски беше голманот Марина Митоска со 20 одбрани од кои дури 6 седмерци. Во нападот стрелци за Стружанка беа Маркоска Теодора со 7, Магдалена Делиоска со 6 , Затуроска Ивана со 5, Петреска Марија со 4, Јовичанац Радмила со 3, Дурацоска Стефанија со 2, додека по 1 гол дадоа Јованоска Бојана и Дукоска Теодора. Кај гостинките од Прилеп се истакнаа Елена Крстевска и Михаела Камческа со по 5 голови.
За пласман во полуфиналето тимот на ЖРК Стружанка треба да одигра дополнителен натпревар против тимот на ЖРК Пелистер. За датумот и времето на одигрување на мечот ќе бидете дополнителни информирани,



