Ракометарите на Јуниор Кисела Вода направија огромна сензација и се пласираа во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако во финалниот двобој од првата осминафинална група славеа над Работнички на негов терен со 28:30. Најистакнат поединец во составот на Јуниор Кисела Вода беше фантастичниот голман Влатко Затаракоски кој имаше 11 одбрани од кои дури 3 седмерци и неколку зицери па го откажа големиот фаворит.



