Вардар во претпоследното коло од групната фаза на Лига шампиони впиша нови два бода со кои што се во тесна битка со Веспрем за тоа второ место на табелата. ,,Црвено-црните” пружија неуверлива партија на теренот, но сепак запишаа победа од 30:32 на полувреме 17:16. 
Најдобри кај Вардар беа Кристопанс со 8 гола и голманот Гедбане со 8 интервенции меѓу кои и зицер во финишот на натпреварот со кој ги откажа Швеѓаните. Во таборот на Кристијанштад најмногу погодоци вкупно 10 запиша исланѓанецот Гудмундсон, додека одличен на нивниот гол беше голманот Капелин со вкупно 14 интервенции.
Најинтересни моменти од натпреварот КРИСТИЈАНШТАД-ВАРДАР



