Вардар во претпоследното коло од групната фаза на Лига шампиони впиша нови два бода со кои што се во тесна битка со Веспрем за тоа второ место на табелата. ,,Црвено-црните” пружија неуверлива партија на теренот, но сепак запишаа победа од 30:32 на полувреме 17:16.
Клучни во триумфот на Вардар беа Даинис Кристопанс со осум гола и голманот Гедбане со осум интервенции меѓу кои и зицер во финишот на натпреварот со кој ги откажа Швеѓаните. Во таборот на Кристијанштад најмногу погодоци вкупно 10 запиша исланѓанецот Гудмундсон, додека одличен на нивниот гол беше голманот Капелин со вкупно 14 интервенции. Во наредно коло Вардар на домашен терен во последното коло во СЦ ,,Јане Сандански” го пречекува минатогодишниот шампион, француски Монпелје.



