Вечерва во салата „Крал Томислав“ во Нашице, во рамки на третото коло на ЕХФ Купот ракометарите на Еурофарм Работник играат натпревар со Нексе. По првите две кола Еурофарм Работник се наоѓа на последната позиција во групата, со скор од два порази, додека Нексе е лидер со две победи во првите два натпревари против Татабања и Хановер. Натпреварот Нексе – Еурофарм Работник ќе започне во 19 часот и 30 минути со директен пренос на ТВ Спорт Клуб 2 и на ЕХФ ТВ.



