Германскиот кошаркар и легенда на Далас Маварикс, Дирк Новицки од многумина стручњаци е именуван за најдобар европски кошаркар кој заиграл во НБА. На сето ова Новицки е скромен во изјавите и вели дека многумина европјани биле некогаш и има и такви и денес кои се подобри од него.
Кошаркарот ја даде следната изјава за американските медиуми: ,,Јас сум скромен човек и секогаш ќе тврдам дека имало и ќе има подобри европски кошаркари кои заиграле во НБА лигата. На таа листа би ги напоменал: Петровиќ, Кукоч, Дивац, Пол Гасол и многу други од сегашнава генерација на помлади кошаркари. Беше ова луда авантура, од Германија пред дваесет години па стигнав до влијателен играч во Далас”– кажа на крај Дирк Новицки.



