Ноќеска во Шарлот се одржа еден од највозбудливите натпревари за време на „Ол-Стар“ викендот – натпреварот во забивање.
На големо изненадување на публиката победник беше Хамиду Диало од Оклахома Сити, а во натпреварот учествуваа и Мајлс Бриџес од Шарлот, Денис Смит од Њујорк, како и Џон Колинс од Атланта.
Диало го имаше забивањето на вечерта, откако го прескокна Шекил О`Нил и заби со пола рака во кошот, за што доби и максимална оценка од 50 поени.
Дваесет-годишниот Тејтум ја освои титулата со успешен удар од центарот на теренот.
Во натпреварот за најдобар „тројкаш“, победи Џо Харис од Бруклин, а ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари не успеа да ги победи ривалите.



