Екипата на Нексе од Нашице во својот втор натпревар од групната фаза во ЕХФ купот стигна и до втората победа откако на домашен терен го совлада Хановер со 29:25 (полувреме 14:9). Најефикасни играчи во тимот на Нексе беа поранешните играчи на Металург, Халил Јагањац и Марко Бувиниќ со 5 колку што даде и Ведран Зрниќ. Додека во Хановер Тимо Кастенинг беше најдобар со 8 голови, пред Цехте и Бем со по 4 голови.



