Селекцијата на САД славеше против Селекцијата на Светот со 161-144 во мечот „Ѕвездите во подем“ одигран утринава во склоп на олстар-викендот во Шарлот. Најдобар на теренот беше бекот на ЛА Лејкерс, Кајл Кузма, кој постигна 35 поени па сосема заслужено го доби МВП-признанието. Во селекцијата на Светот најефикасен беше Бен Симонс (Австралија), кој постигна 28 поени, пред Богдан Богдановиќ (Србија) со 15 поени и Лука Дончиќ (Словенија) кој средбата ја заврши со 13 поени и 9 асистенции



