„Во следниот период еден од најголемите предизвици на федерацијата ќе биде пронаоѓањето на нов селектор на А репрезентацијата. Тој сигурно ќе биде професионалец, а јас ќе инсистирам да биде човек кој ќе нема клупски ангажман и ќе биде посветен само на репрезентацијата на Македонија. Во април не очекуваат важни натпревари и мораме тоа прашање што побрзо да го решиме“, изјави Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), во обраќањето на денешното Собрание.



