За жал, Марија Шарапова е принудена да се повлече од турнирот поради повреда на десното рамо. Се надеваме дека следната година таа ќе дојде кај нас. Нејзиното место во главната ждрепка ќе го заземе Мона Бартел, изјави организаторот на Индиан Велс.
Силниот турнир во Индијан Велс, САД ќе се одржи од 4 до 17 март.
Оваа сезона Шарапова се повлече од турнирот во Шенжен за време на четвртфиналниот натпревар со Арина Соболенко поради болката во колкот, по што стигна до четвртото коло на Австралија опен. Повредата на десното рамо не и дозволи на петкратната побеничка на Грен Слем турнирите да игра против Дарја Касаткина во Санкт Петербург кон на крајот на Јануари.



