Ентони Џошуа кој има 29-години својата титула ќе ја брани против Џарел Милер. Моментално светскиот првак во тешка категорија на 1. јуни во ,,Медисон Сквер Гарден” ќе се соочи против непоразениот Милер.
Противникот на Џушуа е 30-годишен боксер кој во 2018 година одржал самопромотивни борби и победил на три меча. Милер со своите победи успеал да стигне до втор најдобар американски тешкаш и секако идеален противник на Џошуа на дебито во Сад.



