Македонските интернационалци кои настапуваат во Турција, Виктор Гигов и Немања Прибак се најдоа во златниот тим на колото во Турската ракометна Суперлига.
Виктор Гигов искусниот чувар на мрежата на Анталијаспор сосема заслужено е најдобар голман за ова коло во Турција. Гигов имаше фантастичен меч и помогна со 43 % успешност на одбранети удари во натпреварот во кој Анталијаспор изигра реми 26:26 со тимот на Бејкоз.
Немања Прибак беше главниот разигрувач на тимот на Бешикташ во победата против Измир нагости со 24:28.

На табелата Бешикташ е прв додека Анталијаспор се искачи на петтото место. 



