Тимот на Веспрем забележа нова победа во домашниот шампионат против Будакалаш со 36-17. Нашиот репрезентативец Дејан Манасков повторно беше помеѓу најдобрите со 5 постигнати голови заедно со Маргуч, Благотиншек и Мачковшек.
Ова за Веспрем беше подготовка пред гостувањето кај Вардар во Лигата на шампиони во сабота од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.



