Ненад Димитријевиќ играше одличен меч во дресот на шпански Хувентуд, во триумфот над Сарагоса со 88-73. За Сарагоса настапи омилениот наш репрезентативец од славната генерација Лестер Бо Мекејлеб.
Во директен дуел во кој младиот Ненад беше задолжен токму за Мекејлеб, помладиот беше поуспешен со 4 поени и 5 асистенции, додека зад името на Лестер Бо Мекејлеб на крајот на мечот имаше запишано 3 поени и 1 асистенција. Хувентуд со 24 поени се наоѓа на седмото место во Шпанската лига, додека Сарагоса е десетта со 20 поени.



