Кошаркарките на ЖКК Струга повторно имаат успешен викенд и во два одиграни натпревари запишаа две победи и тоа на гостувањето во Крива Паланка, а едната победа е во рамките на сениорската прва кошаркарска лига, додека вториот триумф е во кадетска конкуренција до М-16 години.
Што се однесува до прволигашкиот сениорски дуел, стружанки победија против ЖКК Крива Паланка од истоимениот град со резултат од убедливи 43:78 по четвртини (07:18; 14:28; 11:10 и 11:22).
Листа на стрелци во тимот на ЖКК Струга 2009: Шеќероска А. 32 поени, Белеска Н. 14, Хани М. 10, Стојановска Т. 8, Модева Г. 6, Зендели Х. 4 и Чочороска Р. зад своето име запиша 4 поени. Во домашната екипа најефикасни завршија Ѓорѓиевска со 18 и Спасовска со 13 поени.
Во конкуренција на кадетки до М-16 години, стружанки го потврдија својот квалитет и победија против врсничките од Крива Паланка со резултат од 45:74 по четвртини (10:23; 11:15; 10:09 и 14:27).
Листа на стрелци на ЖКК Струга 2009: Р. Укоска 21 поен, И. Чолакоска 18, Г. Модева 18, А. Белеска 4, М. Филоска 4, К. Бицеска 6 и 3 поени постигна М. Велјаноска. Кај домашните кошаркарки најмногу поени постигнаа Стоевска со 12 и Петревска со 9 поени.
Следните предизвици на ЖКК Струга 2009 во јуниорска конкуренција М-18 години се против ЖКК Бадел 1862 со почеток од 16.30 часот во недела на 10.02 сала ,,Нико Нестор Струга. Кадетките на ЖКК Струга 2009 својот натпревар го играат во 12.00 часот во понеделник на 11.02 против ЖКК Пелистер во ,,Нико Нестор” Струга.
Галерија: Победнички викенд на ЖКК Струга 2009 во Крива Паланка



