Кошаркарите на Динамик на свој паркет го совладаа МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 98:75 во рамките од 19. коло во АВА 2 лига. Тимот на Динамик отпочетокот на мечот па се до крајот на натпреварот беше подобриот тим и на крај убедливо триумфираше.
Најефикасни во победничката екипа завршија Ѓериќ и Стевановиќ со по 14 поени, додека во тимот на МЗТ најефикасен беше Вудард со 26 постигнати поени. До крајот на регуларниот дел од сезоната преостануват уште три кола за доигрување.



