Во француското дерби во Лига на шампиони ПСЖ предводени од екс селекторот на Македонија, Раул Гонзалес лесно излегоа на крај на гостувањето против Нант за кој насатапува Кирил Лазаров со триумф од 31:35 на полувреме 15:18.
Во првите 5 минути немаше погодоци на двете страни, а потоа гостите ја презедоа целосната контрола и имаа позитива во текот на целиот меч. Само во еден период од играта Нант се доближи до минус еден гол негатива, но дрим тимот на ПСЖ не дозволи никакво изненадување и дојдоа до рутинска победа.
Во победничкиот табор имаше неколку расположени ракометари за игра, првенствено се истакна голманот Омејер кој имаше 16 интервенции, а во листата на стрелци најуспешни беа: Лук Абало со 7 гола, Тофт Хансен постигна 6 исто колку што имаше и Хансен, а Генсхајмер помогна со 5 постигнати гола.
Во поразената екипа на Нант најдобар поединец беше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со 6 гола исто клку што имаше и Ривера, додека Балагер запиша зад своето име 5 гола. На првото место убедлив лидер е ПСЖ со 20 бода, додека Нант е дури четврти со 9 освоени бода.



