Вардар не ја почуствува паузата која беше поради ракометниот Мундијал туку продолжи да чекори кон успехот и кон нови победи со која што си ја зацементира втората позиција на табелата во групата А. Во Манхајм во ,,Сап арена” Вардар дојде до голем гостински триумф од 27:30 на полувреме 12:16.
Во текот на целиот меч четата на Парондо играше дисциплинирано и со смирена игра со која што од минута во минута ја креваа разликата. На два пати во првото полувреме ,,Црвено-црните имаа 7 гола позитива, додека во вториот дел се беше решено веќе во средината на вториот дел кога Вардар ја имаше највисоката предност на натпреварот од 8 гола разлика и која ја одржуваше се до крајот на сите 60 минути.
Најефикасни во победничкиот табор беа Дибиров 7, Карачиќ 6 исто колку што постигна и Стоилов, Кристопанс помогна со 4 и Скубе 3, додека Милосављев стигна до двоцифрен број на одбрани. Во домашниот поразен тим на РНЛ најмногу погодоци постигнаа Шмид 9 и Колбахер со 8. Инаку Филип Талески немаше своја вечер.



