Младинките на ЖРК Стружнка со убедлив триумф ја започнаа пролетната полу-сезона над гостите од Скопје, екипата на ЖРК Чаир.
Уште на самиот старт од натпреварот кој се играше во спортската сала „Нико Нестор“ – Струга младинките убедливо тргнаа и одвојувајќи се резултатски над гостите од Скопје.
Првото полувреме течеше континуирано со минимална разлика од два до три погодоци за на крај од првото полувреме ЖРК Стружанка замине со разлика од пет погодоци со резултат од 16:11.
Во вториот дел покрај младинската екипа шанса имаа и дел од пионерската екипа да зачекорат на овој натпревар и да го покажат својот квалитет, каде што тренерот им овозможи речиси 15. минути игра на повеќето од пионерките.
Младинките заедно со пионерките покажаа одлична игра на паркетот и не дозволија никакво изненадување на домашен терен и во второто полувреме мудро и пополека успеаа да се покажат на сите позиции за на крај слават убедливо против екпата на ЖРК Чаир со резултат од 37:23.
Со оваа победа ЖРК Стружанка ја зацврсти четвртата позиција со вкупно освоени 21 поен.
Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува во Скопје на екипата на ЖРК Вардар.
Стрелци на овој натпревар за ЖРК Стружанка беа:
- Јоноска Натали 8 погодоци
- Затуроска Ивана 7 погодоци
- Дукоска Теодора 6 погодоци
- Затуроска Бојана 5 погодоци
- Домазетоска Теодора 4 погодоци
- Дурацоска Стефанија 2 погодоци
- Јусуфи Суела 2 погодоци
- Петреска Марија 1 погодок
- Ѓоршулеска Роберта 1 погодок
- Балоска Теодора 1 погодок
Инфо: ЖРК Стружанка



