Веспрем во рамки од 18. коло на унгарскиот шампионат на гости славеше убедлива победа од 24:31 (полувреме 11:15) над тимот на Чурго. Нашиот репрезентативец Дејан Манасков беше најефикасен играч на теренот со 9 голови, додека 7 даде Гашпер Маргуч за тимот на Веспрем. Кај Чурго најдобар беше Астрашапкин со 6 погодоци.



