Пред официјалниот старт на вториот дел од сезоната во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ направи анкета со која ракометна Европа го бираше најпопуларниот капитен, а првото место го освои вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, кој доби скоро дупло повеќе гласови од Виктор Томас, капитенот на Барселона. Стоилов доби 64 % од гласовите, а Томас 36%. 



