понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Петти јубилеен ракометен камп на Кире Лазаров

Извор: lazarovkiril7.com

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 2, 2019
📁 Ракомет
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Од 19.06.2019 до 01.07.2019 во Охрид по пети пат преку 350 деца од Македонија и Европа ќе учат ракомет и ќе живеат заедно со Лазаров и неговиот тим како едно огромно семејство.

Мал јубилеј но значаен заради приматот кој го добива овој камп не само на далечина од 1.000 км на сите четири страни од нашава Македонија туку и многу подалеку. Одлична организација, професионална реализација на богатите содржини кои од година во година дoбиваат на квалитет и секако најсилната причина за камп од светски ранг е 24 часовното присуство на најдобриот стрелец на планетава во тие 14 дена .

 

Камп на кој сите се еден, без оглед кој од каде доаѓа , потекнува, колку е голем или мал, колку има или нема. Потврда за тоа е огромниот интерес да се биде дел од кампот, бројот на децата учесници, професионалните тренинзи, прекрасните спомените и неизмерливата количина на љубов кон ракометот на секој кој бил дел од кампот на Лазаров во изминативе години.

„Вистинските победници во животот се решени да направат разлика, било да е таа голема или мала и тоа е она што ги прави поразлични од другите. Со ова би го опишал нашето петтогодишно постоење и функционирање на високо ниво. Успеавме со многу посветеност, труд и ангажираност да направиме добар производ во кој се инволвирани најмладите односно иднината на нашата држава. Направивме тим на лојални, чесни луѓе со иницијатива, оптимизам и полни со ентузијазам…

Создадовме тим за иднината.

Се трудиме да ги воспитуваме и нашите деца од кампот во тој правец, затоа што денешниот успешен член на тимот е успешен утрешен водач. Поставивме цели кои се тешко дофатливи но сепак дофатливи. Благодарност до сите инволвирани во овој проект и се надевам на уште многу јубилеи во иднина”, Кирил Лазаров, идеен творец на кампот „КЛ7″ и капитен на македонскиот национален тим.

 

Од понеделник 04.02.2019 официјално започнува пријавувањето ( http://kl7.mk/kamp/prijava/ ), а организаторите, агенцијата КМГ СПОРТ, очекуваат потполнување на бројот на учесници во рекорден рок. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, дружење и многу забава. Во поглед на организацијата секое дете но и тренер ќе подлежи на спортски медицински преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев , чија медицинска екипа ќе биде и 24 часовно медицинско обезбедување на кампот. Организиран превоз за сите учесници од Македонија, осигурување од несакани повреди , опрема од брендот “Хумел” чие заштитно лице веќе неколку години е Лазаров. Седум дена во хотелот “Аквалина” кој има идеална инфраструктура и содржини за реализација на спортски кампови и подготовки на спортисти професионалци.Кампот на капитенот своето прво лето го имаше во 2015 година со учество на 150 деца само од Македонија, што беше и првичната замисла на неговиот идеен творец Лазаров. Но, името и големите достигнувања на Кирил во светски рамки беа во фокусот на интересот и на децата надвор од границите на Македонија. Млади групи ракометари од Данска, Шветска, Романија, Словенија, Босна , Шпанија , Србија дојдоа во Охрид да учат од најдобриот десен бек на светот. Tој своето огромно акомулирано ракометно искуство несебично го споделува со сите децат, со оние кои првпат ја допираат ракометарската топка како и со децата на кои ракометот е дел од нивното секојдневие, ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и личности за пример Дел од нив кои биле на овој камп денес ги бранат боите на Македонија.

Се гледаме во Охрид!

ShareTweet
Претходна вест

Вардар му посака добредојде на Фелипе

Следна вест

ЃОКОВИЌ ОТВОРA РЕСТОРАН ЗА БЕЗДОМНИЦИ: “Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија” – Браво Ноле!

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

ЃОКОВИЌ ОТВОРA РЕСТОРАН ЗА БЕЗДОМНИЦИ: "Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија" - Браво Ноле!

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.