Никола Костески кој вчера потпиша за Татран Прешов денес дебитираше за новиот тим во натпреварот од домашниот шампионат против Спорта Хлоковец. Натпреварот заврши со победа на Татран од 44:12 (полувреме 24:7).
Костески на своето деби во својот нов клуб постигна 4 голови, а најефикасен играч на овој меч беше одличниот бек на тимот на Татран, Доминик Крок со 9 голови. Овој меч беше само загревање за натпреварот од СЕХА лигата кој го игра тимот на Татран во недела нагости против екипата на Нексе од Нашице



