Новиот суперлигаш РК Бутел од Скопје ги засили своите редови со српски пикер. Тимот на Игор Котевски веќе на оваа позиција ги има Василевски и Спасевски, а тимот го засилува со Вељко Давидовиќ кој потпиша верност на 18 месеци со клубот.
Давидовиќ има интернационално исксутво во Асобал лига како и настапи во Челинџ куп и со тоа РК Бутел добива на потенцијал да се избори за плејофот во Супер лига. Инаку претходно има настапувано за клубовите како што се: Бидасоа, Младост Чачак, Раднички Крагуевац, Пролетер, Ланцароте, а последен клуб му беше Слога Пожега.
извор и фото: RK Butel Skopje



