Во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода,Скопје со почеток во 12:00 часот во рамки од последното коло од првиот дел од првенството, сениорската екипа на ЖКК Бадел која полусезоната ја заврши без пораз силите ќе ги одмери со тимот на ЖКК Струга 2009.
Додека во истата сала, со почеток во 14:00 часот младите „баделки“ во М-16 конкуренција ќе се соочат против врсничките на ЖКК Струга 2009. Натпреварот помеѓу сениорските екипи е дерби на колото затоа што се соочуваат првопласираната против второпласираната екипа во лигата.



