Македонскиот ракометен интернационалец Никола Костески го напушта тимот на Селкаспор од Турција и е слободен играч. Иако имаше договор до крај на оваа сезона финансиската криза која го зафати тимот на Селкаспор е причина за заминување на најдобрите поединци како Остроушко, Насиров и Костески.
Дали некоја екипа од домашниот шампионат или повторно некој странски тим ќе биде следниот предизвик за одличното десно крило Никола Костески останува да видиме.



