Репрезентацијата на Данска се пласира во финале на Светското првенство со победа над Франција со резултат од 38:30. Данска одигра спектакуларен натпревар и ги декласираа ,,Триколорите” како никој досега.
Скандинавците наметнаа свој ритам на игра и веќе на полувреме имаа осетна позитива. Во второто полувреме данците ја одржуваа предноста константно во текот на целиот меч и во еден период имаа + 10 гола разлика.
Во победничкиот табор најефикасен заврши Микел Хансен со 12 гола, додека кај Франција Мае постигна 8 погодоци. Во финалето Данска ќе го чека подобриот од второто полуфинале помеѓу Германија и Норвешка.



