Со 1,58 милијарди долари властите во кинеската провинција Сечуан ќе градат национален парк за панди. Се планира, тој да биде изграден за пет години и да биде трипати поголем од американскиот Јелоустоун.
Во паркот ќе бидат заштитени диви панди од провинцијата Сечуан, Шанкси и Гансу, додека финансирањето ќе помогне да се намали сиромаштијата на жителите кои живеат во паркот и да ја подобрат инфраструктурата.



