Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во македонската Суперлига. „Црвено-црните“ на гостувањето кај Мулти Есенс славеа со 33:38 во натпревар од 11. коло и ја продолжија победничката серија.
Мулти Есенс успеа да му парира на фаворитот во првото полувреме, па на паузата Вардар имаше предност од само два гола (17:19). Сепак, во вториот дел шампионот ја презеде контролата, го зголеми водството и без поголеми проблеми стигна до нови бодови.
Главна фигура во победата на Вардар беше Матео Фадуил, кој постигна 11 гола, додека Бобан Поповски одигра одличен натпревар со девет погодоци.
МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР 1961 33:38 (17:19)
Стрелци – Мулти Есенс:
Горазд Дамчевски 5, Матеј Тевдовски 5, Петар Илиевски 4, Стефан Ѓоргиевски 4, Давид Трајковски 3, Филип Симоноски 2, Христијан Ѓурмешевиќ 2, Максим Гарбески 2, Лазе Великиќески 1, Ангел Кленковски 1, Јован Петрески 1, Немања Џигеровски 1, Јаков Трајковски 1, Стефан Јорданов 1.
Тренер: Никола Матлиески
Стрелци – Вардар 1961:
Матео Фадуил 11, Бобан Поповски 9, Леон Љевар 5, Урош Митровиќ 5, Мохаб Абделхак 4, Николче Нечовски 2, Марио Стојановски 1, Махамаду Кеита 1.
Тренер: Иван Чупиќ
Вардар останува на максимален учинок по 11 одиграни кола,
Записник од мечоѕ




